Во првите шест месеци од учебната 2015/2016 година,  10 основни општински училишта на територијата на Општина Карпош собраа вкупно 3864 килограми ПЕТ отпад.  Со најголем успех може да се пофали ООУ ,, Владо Тасевски’’, каде што 957 ученици собраа вкупно 1300 килограми отпад, или во просек по 3,5 килограми неделно, додека 580 ученици од ООУ ,, Јан Амос Коменски’’ , собраа 715 килограми. Редоследно 374 ученици од  ООУ ,, Вера Циривири Трена’’, собраа 431 килограм отпад, или во просек по 3 килограми неделно. Остварените резултати се добар показател за посветеноста на учениците од сите основни училишта во Карпош, во акцијата која во континуитет се спроведува неколку години наназад.