Одличниот и моќен настап на добро познатата група „Силви бенд“, ги подготви карпошани за вистински релаксирачки викенд. Со познатите хитови и изведба на стари изворни македонски песни, „Силви бенд“ докажа зошто изминатите 27 години се толку барани и слушани кај љубителите на добриот звук.

Млади и постари карпошани, како и граѓани од главниот град, го наполнија платото пред „Скопје сити мол“, кадешто атмосферата изгледаше на вистинско концертно уживање. Извонредните вибрации од звукот на долгогодишниот „Силви бенд“, ги расположи присутните кои често ги поздравуваа со силни овации.

                        Во рамките на традиционалното Културно лето Карпош, оваа вечер минувачите и посетителите, имаа можност повеќе да се информираат за кампањата спроведена од МВР за безбедноста на домот и совети за заштита на истиот. Штандот поставен во близина на музичката сцена, беше преполн со флаери со десет основни совети за безбедноста на домот, а полициските службеници дополнително ги предупредуваа карпошани.