Општина Карпош заедно со Градот Скопје денеска работат на расчистување на велосипедската и пешачката патека долж булеварот Партизански одреди на потегот од Порта Влае до улицата Рузвелтова.

 Инаку машините за расчистување на снегот и мразот од патеките  во Карпош ќе работат во две смени, а веднаш по расчистувањето на Партизанска ќе се префрлат во Козле на главната сообраќајница.