СЕ РЕШАВААТ ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМИ
- октомври 3, 2026
- 0
По барање на граѓаните, градоначалникот утрово изврши увид во градежните активности на улицата „Софиска“, на спојот со улицата “Партизанска“ во Долно Нерези. Во соработка со изведувачот, се решаваат децениски проблеми поврзани со водоводната мрежа, а по завршувањето на работите ќе следува и асфалтирање на улицата. Продолжуваме со реализација на конкретни проекти што ги решаваат долгогодишните проблеми и го подобруваат секојдневното функционирање на граѓаните.









