Денеска, од пред 7 часот наутро екипите на Општина Карпош интензивно работат на расчистување на патот од Нерези до Пантелејмон. Интензивните поројни дождови и ветришта што ја зафатија Општината и Градот деновиве, нанесоа намети од песок и земја долж коловозот кон манастирот Свети Пантелејмон во  Горно Нерези.

                        Повеќе од 40 комунални работници од Карпош во текот на целиот ден го расчистуваат коловозот од Средно до Горно Нерези, како и попатните паркинзи се до големиот паркинг околу манастирскиот комплекс. Притоа, се отстрануваат наноси од скршени гранки, земја и песок кој се собрале од поројните дождови и водите од Водно.

Се очекува манастирскиот паркинг и коловозот целосно да бидат расчистени во текот на денешниот ден.