Четири патнички и едно товарно возило кои беа дел од возниот парк на Општина Карпош ќе бидат дадени на продажба. Станува збор за патничкото моторното возило AUDI Q7 , потоа возилото марка  SANG YONG,  патничкото возило FORD FIESTA и автомобилот марка ZASTAVA YUGO, како и товарното возило VOLVO. За ова одлучија советниците на Општина Карпош на денешната Седма седница на Советот на Општината.

                        Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на дел од возниот парк на локалната самоуправа ќе бидат наменети за купување на возило за товар на лисја и смет, со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената во Општината.