Општина Карпош започна со поставување на ново улично јавно осветлување долж улицата „Новопроектирана“ во Криви Дол.
Имено, се поставуваат 17 столбови, на кои ќе бидат прикачени ЛЕД – штедливи светилки.

Локалната самоуправа вложува значителни средства за развој на оваа населба, која порано делуваше отсечено од Карпош. Изминатава година се направи и целосна реконструкција на улицата „Новопроектирана“, со што се зголеми безбедноста и се подобри пристапот за граѓаните кои живеат тука.

Исто така, лани направивме и ново детско игралиште, во чија околина се засадија и нови дрвја, зеленило, а се поставија и клупи и корпи за отпадоци.

Намерата на Општина Карпош е плански да ги развива и периферните делови. Истите инфраструктурно да се подобруваат и да се овозможат нови зони за спорт и рекреација на граѓаните.