Денеска ја одржавме првата сесија од Граѓанскиот буџетски форум за 2027 година, на која жителите од урбаните заедници Влае 1, Влае 2, Злокуќани и месната заедница Бардовци имаа можност непосредно да ги споделат своите идеи, предлози и приоритети за развојот на Општина Карпош.
Преку отворена дискусија и директна комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните потреби и предлози, со цел тие да бидат земени предвид при креирањето на општинскиот буџет за наредната година.

Продолжуваме и утре со втората сесија, наменета за жителите на урбаните заедници Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 1 и Тафталиџе 2.
 
 Локација: холот на Општина Карпош
 Време: од 15:00 до 17:00 часот
 
Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат, бидејќи нивните идеи, предлози и барања можат да прераснат во конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневниот живот во нашата општина.
Вашиот глас е важен!
Да креираме заедно, затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните