По барање на граѓаните од улицата „Гиго Михајловски” број 10 и улицата „Руѓер Бошковиќ” број 8, утре, 22.05.2018 година, Град Скопје преку ЈП „Паркови и зеленило“ ќе изврши сеча на две дрвја на посочените локации.

Станува збор за целосно суви дрвја кои претставуваат опасност по сигурноста и безбедноста на граѓаните и околината.

Ви благодариме на разбирањето.