Ученичката Ирина Васиќ од ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’ од Општина Карпош  е годинешен лауреат на фестивалот за детско поетско творештво ,,Детски лирски треперења’’ , организиран од страна на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. Песната на ученичката Ирина Васиќ од ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’ е прогласена за најдобра песна на овој фестивал  кој се одржа од 14 -16 јуни во Охрид.

Младата поетеса од Карпош ја изведе својата песна ,,Секоја точка означува нов почеток’’, под менторство на наставничката Васа Топузовска од ова училиште.

Оваа првонаградена песна е објавена во зборникот на фестивалот ,,Крај езерски бранувања’’ .