На 14 март (вторник) ќе се одржи дваесет и третата седница на Советот на Општина Карпош со почеток во 10.00 часот.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и манаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записник од 20та седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишен Извештај за работата на ЕВР „Карпош“-Полициска станица од општа надлежност Карпош рег.бр.22-21.8.2-559 од 16.02.2023 година
  2. Предлог-Урбанистички проект со план за парцелација со препарцелација на ГП 2.366 о ГП 2.367 од ДУП за Градска четврт З 03, опфат помеѓу бул.Партизански одреди, корито на р.Вардар, бул.Македонија и ул.Московска, во КО Карпош-Општина Карпош, изработен од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје
  3. Предлог-Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 01, блок 10 од четврт ССЗ 01, Општина Карпош Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДОО Скопје
  4. Предлог-Одлука за техничка исправка за ГП 3.03.2.358 во Детален урбанистички план за градска четврт З 03-опфат помеѓу бул.Партизански одреди, корито на р.Вардар, бул.Македонија и ул.Московска, плански период 2013-2018, Општина Карпош-Скопје (Одлука бр.08-8826/6 од 3.12.2015 год.)
  5. Предлог-Завршна сметка на Буџетот на Општина Карпош за 2022 година
  6. Предлог-Годишен Извештај за извршување на Буџетот на Општина карпош за 2022 година и Годишна сметка на Буџетот на Општина Карпош за 2022 година
  7. Предлог-Одлука за давање согласност за промена на корисникот на електрично броило од   Општина Карпош на корисник Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација карпош
  8. Предлог-Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи  на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош за 2023 година
  9. Предлог-Правилник за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош за 2023 година
  10. Предлог-Решение за разрешување, именување и верификација на членови во училишниот одбор на општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје
  11. Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во jавната установа општинска детска градинка „Распеана младост“ Карпош-Скопје
  12. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
  13. Предлог-Решение за давање согласнот на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“ Карпош-Скопје
  14. Предлог-Решение за давање согласнот на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“ Карпош-Скопје
  15. Предлог-Решение за давање согласнот на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“ Карпош-Скопје
  16. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош, Скопје
  17. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“ Карпош-Скопје
  18. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Пролет“ Карпош-Скопје
  19. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на групи со поголем односно помал број на деца од законски предвидениот број на деца во групите во jавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“ Карпош-Скопје
  20. Предлог- Иницијатива за усвојување Заклучок за доставување барање за информација од надлежни државни институции во однос на споменичката целина на антички град „Скупи“, која е дел од ДУП ССЗ02, блок 6, Општина Карпош
  21. Предлог-Одлука за пренесување на седниците на Советот на Општина Карпош и
  22. Предлог-Одлука за кофинансирање на проектот „Набавка на машина – мал паметен чистач со нула загадување“ Телефон за контакт – 078/486-962