СДСМ повторно во Карпош настапува со деструкција. Конечно сега се знае против што се: против носење на  детални урбанистички планови! Само за жал  граѓаните во Карпош не можат да дознаат за што всушност се залага СДСМ?

Кога се тие на власт во Карпош, измената на ДУП-овите  за нив се нормална работа, но кога се опозиција, се живо им пречи па дури  и ДУП-овите кои се усогласуваат со Генералниот урбанистички план.

Иако овој протест го најавуваат речиси  дваесеттина дена, очигледно не можат да го соберат ниту своето членство, туку едвај стотина истомисленици на кои им пречи развојот на Карпош.

Карпош и натаму ќе биде водечка општина, не само во Македонија, туку и во регионот, а СДСМ ќе биде водечка партија во деструкции и лаги. Во Карпош и натаму ќе се реконструираат училишта, градинки, улици, ќе се градат плоштади, кејот на Вардар, детски игралишта. Ќе се подигаат нови зелени површини и цветни аранжмани. Очигледно СДСМ не се пронаоѓа во градителството, туку во уривањето. Колкава поддршка имаат од граѓаните можеа денес и самите да се уверат.