СДСМ во својот познат стил, постојано обвинува, користејќи лаги. Крајно време е Социјалдемократите да престанат да ја замајуваат јавноста во Општина Карпош. Само пред,  и зад новата општинска зграда која локалната самоуправа ја гради со сопствени средства, издвојувајќи финансии од својот буџет, е вцртан нов ДУП за изградба на паркинг простор.

Оваа инвестиција ја правиме  бидејќи, ако не изградиме надворешен паркинг за автомобилите на општинската администрација, ќе треба да изградиме подземен паркинг, кој Општината ќе ја чини дополнително нови 500.000 евра. Со ова, ние заштедуваме голем износ на финансиски средства, пари на граѓаните на Општина Карпош – категоричен беше Јакимовски.

Инаку, првиот човек на локалната самоуправа, нагласи дека Деталниот урбанистички план за Карпош 3 е донесен во далечната 1998 година. Јакимовски посочи дека  изминатите години, претставници од СДСМ постојано манипулирале со карпошани, велејќи им, дека Општината ќе ги руши руските згради, за да изгради на нивно место висококатници, дека постојано сече зеленило и слични небулози. 

Децидно ги отфрлам овие обвинувања, и им порачувам на СДСМ да се зафатат со работа и да понудат визија, проекти и програма со кои ќе го подобрат  животот  на карпошани, како што ние во изминатите мандати ги решаваме сите проблеми на граѓаните од локален карактер. Поради овој нивен стил на манипулации, лаги и дезинформации, набрзо на локалните избори во октомври, граѓаните на Општина Карпош ќе ги казнат социјалдемократите – истакна Јакимовски.