По презентацијата на претставникот од Секторот за внатрешни работи-Скопје, за начинот на функционирање и формирање на Локален совет за превенција на Општина Карпош, советниците го изгласаа овој значаен проект. Имено, станува збор за поголема координација меѓу СВР Скопје и секоја Општина која се наоѓа на територијата на Град Скопје за превенција на девијантни појави кои се санкционираат со закон.

Во овие совети, можат да членуваат граѓани, претставници од невладиниот сектор, советници во Советите на локалната самоуправа, и претставници на институциите, со што ќе се создаде поголема вмрежена координација за превенција.

За член во Локалниот совет за превенција во Градскиот Совет, од редовите на Советот на Општина Карпош е избран советникот Владимир Станивуковиќ.

На осмата седница на Советот на Општина Карпош се прифати одлуката за донирање на прочистувачи на воздух, од страна на Друштвото за трговија „ СМС ШОПС ДООЕЛ“ експорт-импорт Скопје и од „ Лукоил ДООЕЛ“. На оваа седница , советниците ги изгласаа предлог-решенијата за разрешување и именување на членови во Управните одбори на четирите детски градинки на територијата на локалната самоуправа: „ Пролет“, „ Мајски Цвет“, „ Распеана Младост “, и „ Орце Николов“.

На оваа седница се одобрија и финансиски средства за лекување на жител на Општина Карпош во странство во вредност од 120.000 денари, како и се даде согласност за доделување на ребраст пластифициран лим за покриви на семејства од социјален ризик.