Каратистот на карпошовиот клуб „Макпетрол“ Абдурахман Идризи во категорија до 55  килограми, го освои златниот медал во светската карате Прва младинска лига во Умаг, Хрватска, во јуниорска конкуренција. Идризи во финалниот натпревар го совлада Максим Краснов од Русија со вкупен резултат од 7:2.

Тренерот на карате клубот Бошко Заборски изрази  задоволство од освојувањето на првото место, при што истакна дека македонскиот каратист сосема заслужено ја освоил шампионската титула.

–         На ова натпреварување, кое е во организација на Светската карате федерација, нашиот каратист оствари пет последователни победи. Најубедливи беа победите во полуфиналниот и финалниот натпревар кога успеа да ги совлада своите противници со голема бодовна разлика, и со тоа се искачи на победничкиот пиедестал, нагласи тренерот Заборски.

 Овој успех на каратистот Абдурахман  Идризи е уште повеќе значаен, со оглед на тоа што на овој светски карате куп учествуваа 1.874 натпреварувачи, од 74 земји од целиот свет.