Целосно е реконструиран подот во спортската сала во училиштето „Владо Тасевски“. Исто така, обновени се и страничните спортски реквизити и кошовите.

После долги години, учениците од ова училиште во Козле можат во достоинствени услови да спортуваат, а наставниците да одржуваат настава по Физичко образование.

Подот во салата беше во навистина лоша состојба и беа оневозможени тековните спортски активности. Денеска, поставена е нова, гумирана подлога која овозможува поголема сигурност за учениците и наставниот кадар.

 

Општина Карпош инвестира во подобрување на инфраструктурата во училиштата.

Моментално се работи на реконструкција на тоалети во училиштата „Војдан Чернодрински“ (УЗ Владо Тасевски – Млечен) и „Аврам Писевски“ (Бардовци).

Исто така, во финална фаза се и новите сензорни соби за ученици со попреченост во „Лазо Трповски“ и „Вера Циривири Трена“.

 

Дел од санациите по училиштата се одвиваа за време на летниот распуст, а останатите се спроведуваат и во текот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата.