Се санираат детските игралишта во населбите Карпош 3 и Карпош 4. Овие населби се со најголем број на зони за рекреација на најмладите и локалната самоуправа во повеќе наврати ги санира лулашките, тобоганите, клацкалките и другите реквизити.

 

Во меѓувреме, поставени се целосно нови реквизити на детското игралиште во Карпош 4, на ул. „Никола Парапунов“.

 

Општината работи и на нови детски игралишта во Криви Дол и во Злокуќани, со цел и овие места да добијат простор каде што децата заедно со своите родители и блиски ќе го поминуваат слободното време.

 

Апелираме до сите граѓани, да не ја уништуваат урбаната опрема и да водат сметка за заштита на околниот простор и животната средина.