Хористите од  ООУ  „Владо Тасевски“,  се победници на годинешниот хорски музички натпревар меѓу училиштата, кој се одржа во холот на ОУ „ Димо Хаџи Димов “.  Под менсторство на    Елизабета Станоевска, со изведба на композицијата „ Рум дум дум“, во обработка на Драган  Шуплевски, овие музички таленти од училиштето  „Владо Тасевски“  заслужено ги освоија симпатиите на жирито.

Второто место  го  делат  училиштата „ Петар Поп Арсов“ под менсторство на  Дејан Миленковски  и  „ Димо Хаџи  Димов“ под менторство на Невена Марковска. Третото место  го поделија  хористите на три училишта и тоа:  „ Јан  Амос  Коменски“  менторирани од Марија Златановска,  „ Вера Циривири Трена“, менторирани од Александар  Панајотовски , како и „ Лазо Трповски“ менторирани  од Мира Костовска.

 На музичката манифестација во организација на Општина Карпош, присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, советници од Советот на Општина Карпош, родетели, и други присутни гости. Жирито кое го оценуваше настапот на хористите од  десетте основни  училишта на територијата на Општина Карпош, се состоеше од м-р Злата Тошевска,  од  Македонска опера и балет, м-р Дејан Стоев, исто така од Македонска  опера и балет, како и професорот Ле Фи Фи, од средното музичко училиште „ Илија Николовски- Луј“.