Денеска, кај амфитеатарот на кејот на реката Вардар, жителите од ромска националност го прославија денот на светиот великомаченик Ѓорѓија – Ѓурѓовден, меѓу нив познат како „Едерлези“.

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Одделението за детска, здравствена и социјална заштита, празникот кога се слави животот и будењето на пролетта, го одбележаа околу 760 Роми, кои  живеат во оваа локална самоуправа.

            Како и досега, Ромите од Карпош го испратија Ѓурѓовден со свечена трпеза и пригодна музичка програма, во чии рамки учествуваа и основците од ООУ „Аврам Писевски“ и музичка група од Шуто Оризари.       

            На традиционалната манифестација која се одржа по седми пат, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, првиот човек на Општината им го честиташе празникот на своите сограѓани, при што им посака уште многу години да го одбележуваат во мир, слога, бериќет и добро здравје.

-И оваа година се потрудивме сите наши сограѓани – Роми од Општина Карпош, достоинствено да го прослават својот верски празник – Едерлези (Ѓурѓовден). Ние, како локална самоуправа реализираме голем број проекти и им помагаме на социјално загрозените семејства. Исто така, помагаме во делот на инфраструктурата и образованието и сметам дека секоја локална власт треба да се однесува одговорно кон своите граѓани – истакна градоначалникот Јакимовски.