Синдикалната организација на локалната самоуправа Карпош, пред своето членство и пред високи претставници од ССМ и од Општината,во петокот даде отчет за сработеното во текот на 2018 година. Во духот на Синдикатот,  воедно беше одбележан и Меѓународниот ден на жената 8 Март.

Годишниот извештај пред присутните членови на Синдикатот на локалната самоуправа Карпош, со видео презентација детално го презентираше претседателката Гордана Максимовска, која патем се заблагодари на отворената соработка и поддршката што ја добива од раководството на општината.

Гостинот на Синдикалната организација на Карпош, Пеце Груевски, претседател на УПОЗ при ССМ , нагласи дека синдикалната борба за работнички права е многу блиску со борбата за правата на жените , а градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, честитајќи им го празникот на припадничките на женскиот пол, порача дека борбата за родова еднаквост ќе биде наше секојдневие.ПатеМ, според, истражувањата на Реактор, нагласи Богоев , по индексот на родова еднаквост, Општина Карпош е на високото петто место, од 81 општина во државата по вклученост на жените во локалната самоуправа.

На крајот од овој настан првиот човек на Карпош им подели по една роза на сите членки на Синдикатот и на сите жени и девојки, вработени во Општината.