На тема „Позитивни техники и стратегии за одржување авторитет на родителите“, вчеравечер, во Кинотеката на Македонија се  одржа едукативна трибина за родителите чии деца се школуваат во училиштата на територија на Општина Карпош.

На оваа тема, стручно обраќање имаше директорката на ООУ „Владо Тасевски“, м-р Елка Даскалова, која во оваа пригода ги запозна присутните со методологијата и предноста од употребата на овие актуелни  техники, кои позитивно влијаат врз градење на карактерот кај адолесцентите.

 

Во рамки на синоќешниот едукативен настан,  професорката од ООУ „Владо Тасевски“, Марија Туџарова одржа интересна и пред сé емотивна трибина, на која се говореше за анорексијата и начинот како да се третира оваа болест. Предавањето беше интерактивно, при што родителите имаа можност да се едуцираат, но и да ги разменат сопствените искуства со презентерите. Како централна тема се наметнаа петте стратегии на родителите за позитивна комуникација со сопствените деца, каде особено внимание привлече т.н. метод „без губитник“, кој се смета како еден од најсилните методи за позитивно родителство.