Општина Карпош целосно ја реконструира улицата Иван Цанкар заедно со двата крака, која се наоѓа во населбата Влае 1. Инфраструктурниот зафат опфаќа асфалтирање на коловозот во вкупна должина од 673 метри, а се поставуваат и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 1.570 метри.

Градежните работи ги изведува фирмата „Ексико“, а за реализација на овој проект Општина Карпош инвестираше 4.724.125 денари.