На педесет и шестата седница на Советот на Општина Карпош, советниците ги разгледуваа барањата на граѓаните за одобрување на финансиски средства за реконструкција – ремонт на лифтови во колективни станбени објекти на бул.,, Партизански Одреди“ бр 133, бр. 155 и бр. 149., и бр. 107 и истите беа одобрени. 

Со конструктивни предлози, советниците од владејачкото мнозинство, како и од опозицијата дебатираа како да се реши овој проблем на граѓаните на Карпош. Останатите барања на граѓаните за одобрување на финансиски средства за реконструкција и ремонт на лифтови, ќе бидат разгледани на некоја идна седница, бидејќи до почетокот на истата, не беа целосно доставени потребните документи, од страна на заинтересираните граѓани.

 На денешната седница, советниците консензуално ја изгласаа одлуката за стопанисување со повеќенаменската спортска сала во ООУ,,Вера Циривири Трена“,преку Јавно-приватно партнерство, а   дадоа ,,воза“ на одлуката за давање под закуп на спортските сали во основните училишта на територијата на локалната самоуправа.

Советниците од Општина Карпош, исто така одобрија финансиска поткрепа за инвалидизираните лица од  Карпош, како помош во пресрет на 3 Декември- Меѓународниот ден на лицата со хендикеп.