Заврши асфалтирањето на подготвителниот слој BNS-носечки слој, на 400 метарската улица Јуриј Гагарин во населбата Козле. Втората фаза од истата улица се очекува да започне за десетина дена на којашто ќе се нанесе финалниот слој од асфалтот. Во текот на наредните денови ќе се уредува и останатиот дел од тротоарите. Ќе има ново партерно уредување, ново осветлување, шеталиште, рабници и бекатон плочки со што граѓаните ќе добијат нови паркинг места. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“.