Општина Карпош ги искористи поволните временски услови и викендов започна со реконструкција на улицата Њу Делхиска, која се наоѓа во У.З „Владо Тасевски“. На коловозот се поставува нов асфалт во должина од 400 метри, а за поголема безбедност на пешаците, се поставуваат нови    рабници,  како и нови бекатон плочки по патеката.

 

За овој инфраструктурен зафат, Општината инвестираше околу 2.700.000 денари, а изведувач на градежните работи е фирмата „ОСД“ ДООЕЛ – Скопје. Со оваа градежна интервенција се подобруваат и сообраќајните услови на улицата Њу Делхиска, со оглед на нејзината фреквентност, бидејќи ја спојува улицата Дрезденска, со булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов.