Општина Карпош денеска реконструираше три крака од улицата Франце Прешерн во урбаната заедница Влае 1, во должина од 420 метри и широчина од четири метри. Според проектната документација на Секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи од Општина Карпош, се предвидува целосно реновирање на улицата Франце Прешерн со сите 15 краци во должина од 2.518 метри.

 

Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори“, а за овој капитален инфраструктурен зафат, локалната самоуправа од својот буџет издвои 8.391.103 денари.