Од денес почна финалната фаза на реконстукција на улицата „Ванчо Мицков“ во Нерези. Станува збор за целосна обнова на коловозот во должина од 130 метри и широчина од пет метри. Изведувач на работите е ЈП Улица и патишта, а  реконструкцијата е финансирана од буџетот на Општина Карпош.