Општина Карпош ги обновува пешачките делови долж улицата „Иван Аговски“, во урбаната заедница Карпош 1, а се прави и реконструкција на рабниците.

 

Во Буџетот за  2020 година Општината предвидува 10 милиони денари за реконструкција на улици, рамномерно по сите населби.

 

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за зголемување на безбедноста на движење на сите учесници во сообраќајот.