Започнува реконструкцијата на покривот на училиштето „Владо Тасевски“, во Козле. Во оваа образовна установа целосно ќе се промени и подот во спортската сала.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска ги најави и сите други санации и реконструкции кои ќе се извршат во основните училишта во Карпош.

Локалната самоуправа во текот на летниот распуст санираше дел од покривот на „Јан Амос Коменски“, како и неколку училници.

 

Дополнително, ќе се реконструираат и тоалетите во „Војдан Чернодрински“ и во „Аврам Писевски“.

 

Ø  Во „Братство“ претстои санација на покривот и промена на прозорците;

Ø  Се уредуваат и неколку училници во „Христијан Тодоровски Карпош“;

Ø  Исто така, ќе се санира покривот и ќе се променат прозориците во „Вера Циривири Трена“ ;

Ø  Во „Димо Хаџи Димов“, во Влае, ќе се реконструираат тоалетите во спортската сала.

 

Нашата цел е да обезбедиме подобри инфраструктурни услови во училиштата, вреднување на трудот на најдобрите ученици, но и да создадеме повеќе можности за развивање на вонучилишни активности. Целта е да имаме посреќни деца и здрави генерации на ученици, рече Богоев.

 

Дел од реконструкциите веќе се во тек. Истите ќе продолжат и на почетокот на учебната година, за време на викендите или по завршување на наставата, со што нема да  има никаков прекин на  наставата. 

Видеото од прес конференцијата погледнете ја на овој линк