Општина Карпош започна со изведба на четири пешачки патеки во населбата Козле. Имено, во тек е реконструкција на два пристапа – влезови кон зградите на улицата „Јуриј Гагарин“, број 43 и 45. Исто така, се прави една пристапна патека во должина на парковското зеленило, со цел граѓаните да имаат безбедно движење вп овој рекреативен дел, како и една пешачка патека од гаражите кон паркингот.

Повеќе години овој дел од Карпош делуваше запуштено и неуредено. При поинтензивен дожд пристапите се полнеа со вода со што движењето на граѓаните беше отежнато.

По иницијатива на Одделението за комунална инфраструктура, а во консултација со заедниците на сопственици (куќни совети) од околните згради, Општина Карпош започна со активности за подобрување на пешачката инфраструктура.

Локалната самоуправа и во претстојниот период продолжува со реконструкција на постоечките и пробивање на нови пешачки зони во населбите.