Во  ООУ „ Владо Тасевски“ во населбата Козле  се изврши реконструкција на дел од енергетскиот развој и комплетна реконструкција на постојните разводни табли, нивна замена или комплетно  внатрешно преуредување на собирниците-заштитните осигурувачи и врски. На секоја училишна табла се поставени еднополни шеми со ознака за секој автоматски осигурувач и потрошувачите што тој ги напојува. Исто така , се поставени и „ фид“ склопки на инсталацијата, што се однесува на штекерите во сите училници, работни и помошни простории.

При реконструкцијата се направени и мерања и поправки на заштитното заземјување на просторијата. На ормарите на учениците им се поставени нови универзални брави со клуч за заштита. Со овие мерки, дополнително се зголемува безбедноста на учениците од многу аспекти и се намалува ризикот од пожар на електричната инсталација.

          Безбедноста на нисконапонските инсталации во основите училишта и детските градинки  кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош  е еден од приоритетите на локалната самоуправа. Грижата за  безбедноста на овие инсталации се спроведува  секоја година, како дел од програмата на Одделението за енергетска ефикасност.

Во  ООУ „ Владо Тасевски“ во населбата Козле  се изврши реконструкција на дел од енергетскиот развој и компелетна реконструкција на постојните разводни табли, нивна замена или комплетно  внатрешно преуредување на собирниците-заштитните осигурувачи и врски. На секоја училишна табла се поставени еднополни шеми со ознака за секој автоматски осигурувач и потрошувачите што тој ги напојува. Исто така , се поставени и „ фид“ склопки на инсталацијата, што се однесува на штекерите во сите училници, работни и помошни простории.