Општина Карпош започна со целосна реконструкција на детското игралиште во Карпош 4, на улицата „Никола Парапунов“. Имено, тука се врши целосна замена на детските реквизити и се поставуваат нови.

Паралено, правиме обнова и на детскaта зона во населбата Жданец, по што и тој јавен простор ќе добие нов изглед.

Локалната самоуправа и во 2021 година продолжува со тековно одржување на детските игралишта. Оваа година, посебен акцент ќе се стави на замена на постоечките подлоги на игралиштата. Истите ќе бидат гумирани, со цел да се зголеми безбедноста на најмладите.

Ги повикуваме граѓаните одговорно да ги користат детските игралишта и урбаната опрема, клупите, корпите за отпадоци и др.