Општина Карпош ја заврши реконструкцијата на паркинг површината на улицата „Атинска“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“ („Млечен“). По гребењето на стариот слој, поставен е нов асфалт на површина од 800 м2.

На овој начин, се подобрува пристапот и безбедноста за граѓаните кои живеат во овој дел од Карпош, имајќи предвид дека инфаструктурно улицата повеќе години беше во лоша состојба.

Локалната самоуправа, во изминатиот период направи и целосна реконструкција на трите пристапни краци од улицата „Вич“ во Карпош 4, а целосно се обнови и дел од „Ловќенска“ 4 во Козле.

Продолжуваме со секојдневно подобрување на инфраструктурата, како во урбаното јадро, така и во периферните делови на Карпош.