Целосно е реконструирано детското игралиште на улицата „Варшавска“ во населбата Тафталиџе 1.

Општина Карпош ги замени старите и дотраени реквизити со нови. Поставени се нови тобогани, клацкалки и лулашки. После подолг временски период обновен е овој детски рекреативен простор и повторно безбеден и употреблив.

Оваа јавна детска зона најчесто  ја користат децата кои живеат во околните куќи и згради и потребата за нејзина обнова беше повеќе од очигледна.

Во изминатиот период, локалната самоуправа ги обнови и детските игралишта спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ (УЗ „Пецо Божиновски – Кочо“), во Влае 2 (долж Кејот), во Карпош 4  (ул. „Никола Парапунов“), Козле (на ул. „Јуриј Гагарин“) и во Жданец.

Имајќи предвид дека на територија на Карпош има повеќе од 60 зони за најмладите, општината етапно врши санација и реконструкција на сите овие простори.

Ги повикуваме сите граѓани одговорно да ги користат поставените реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи) во овие зони. Истите се поставуваат со пари на граѓаните и одговорноста за нивно чување е на сите нас.