Денеска се одвиваше завршната фаза од градежните активности при што беа реконструирани трите краци од улицата „Скупи“ која се наоѓа во населеното место Злокуќани. Станува збор за асфалтирање на коловоз со вкупна должина од 153 метри, а зафатот го изведе фирмата „Инфес Груп“. За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди финансиски средства во висина од 976.400 денари.