Општина Карпош денеска го реализираше комуналниот проект за решавање на проблемот со насочување на отпадните води кои доаѓаат од болницата за белодробни заболувања Козле и тамошните станбени објекти кои гравитираат околу неа.

За таа цел, локалната самоуправа ја реконструираше постоечката фекална канализација на улицата Леринска бр. 8, 10 и 12, во должина од 80 метри и изврши зголемување на внатрешниот профил на цевки од Фи 150 на Фи 250. Изведувач на градежните работи е фирмата Проект Монт, а за оваа интервенција Општина Карпош од својот буџет издвои околу 500.000 денари.