Целосно заврши реконструкцијата на улицата „Варшавска“, на потегот од ул. „Париска“ (кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“) до бул. „8 Септември“, во населбата Тафталиџе 1. 

 

Се обновија и тротоарите долж улицата, за да се обезбеди побезбедно движење за граѓаните. Во овој дел од Карпош се постави и целосно нова фекална, атмосферска и водоводна мрежа, од страна на ЈП Водовод и канализација.

 

Затоа што овој дел од Општината, во изминатите години беше најпогоден од непланската и агресивна урбанизација се јави потреба од подобрување на севкупната инфраструктура.

 

На овој начин се обезбедува нормално живеење за околината и решавање на поголем дел од инфраструктурните проблеми кои се јавуваа во изминатиот период. 

 

Општина Карпош продолжува со секојдневното подобрување на инфраструктурата, рамномерно, во сите урбани заедници.