Општина Карпош деновиве ја започна редовната есенска дератизација на територија на целата локална самоуправа. Со цел ефикасно уништување на штетните глодари а воедно и превенција од заразни болести, ќе бидат опфатени околу 5.000 шахти.