Почнувајќи од вчера, (24.01.2022), овластена фирма која ја ангажираше општина Карпош,  спроведува дезинфекција и дератизација во десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Сите образовни установи ќе бидат опфатени со оваа акција, најдоцна до крајот на месецов (31.01.2022), а потоа ќе бидат дезинфицирани и дератизирани детските градинки.

Инаку, секои шест месеци во годината, општина Карпош спроведува сеопфатна дезинфекција и дератизација во предучилишните и училишните установи, со цел да им обезбеди на децата здрави и хигиенски услови за престој и работа.