Денеска, комуналните служби на Општината, кои се грижат за чистотата и хигиената на територија на локалната самоуправа, преземаа акција за расчистување на каналот во населбата Козле.

Беше исчистен не само каналот, туку и паркингот пред тукашната амбуланта и околината околу овој здрaвствен објект во Козле. И покрај тоа што одржувањето на овој канал е под надлежност на Град Скопје, нашите служби го исчистија рачно од комунален смет и лисја површинскиот дел, а за горниот дел на каналот е потребна механизацијата на Град Скопје. Во наредните денови службите ќе сечат ниска вегетација и грмушки.