Денеска, комуналните служби  на Општина Карпош, кои се грижат за чистотата и хигиената на територијата на локалната самоуправа,  го исчистија од смет и лисја „Паркот на толеранција” кој се наоѓа во населбата Карпош 3.

 И покрај тоа што  одржувањето на овој јавен  простор, не е во надлежност  на Општината туку на ЈП „Паркови и зеленило“, сепак, станува збор за фреквентна локација во чија непосредна близина се наоѓаат два значајни медицински центри, односно болницата „8-ми Септември“ и Клиниката „Жан  Митрев“.

 

Бидејќи  паркот од еколошки  и  хориклутурен  аспект, долго време  е деградиран простор, презедовме акција за негово средување.

  Се исчисти и сметот долж улицата Новопроектирана која ги спојува улиците „Бледски  договор” и булеварот „8-ми Септември”.