На барање на граѓаните од населеното место Бардовци, Општина Карпош преку фирма-изведувач почна со интензивно чистење на каналите за наводнување од реката Лепенец кон Бардовци.

 

Досега се исчистени приближно четири километри од каналите за наводнување, а работите околу нивно расчистување од таложник и друг отпад ќе продолжи и во наредниот период.