Денеска, службите задолжени за хигиена расчистија уште една дива депонија – сметлиште на територија на општината. Депонијата беше создадена на ул. „Марк Твен“ во Злокуќани, кај сервисите за миење на возила. Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и фирми да го фрлаат отпадот само на точно утврдените места – во контејнери, а не на јавните површини, со што придонесуваат кон создавање на диви депонии.Општината ги интензивираше и инспекциските теренски контроли, со цел да се заштити животната средина и да се спречи дополително загадување.