Ракометната екипа во женска конкуренција од ООУ „Димо Хаџи Димов”  на натпреварите одиграни на ниво на Град Скопје го освои високото второ место.

Вкупно шест училишта учествуваа во ова натпреварување, а успехот кој го постигна училиштето од Општина Карпош, го носи на државно натпреварување, кое ќе се одржи на пролет  идната 2017 година. Успехот на ракоментарките од  „Димо Хаџи Димов”  го предводеа наставничките по физичко воспитување Блага Јанева и Светлана Трајковска.