Официјални претставници од Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Република Србија, беа во студијска посета на Општина Карпош.

Домаќинот на видните гости од Белград, помошник- раководителот на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Зафировска, оствари едночасовна работна средба, на која на колегите од Србија им беше презентирана Програмата за труд и социјална политика на Општина Карпош.

Во текот на разговорот, најголема нагласка беше ставена на социјалната инклузија на најранливите групи, вклучително и Ромите. Во оваа сфера, Општина Карпош е една од најрепрезентативните примери, за што беше прогласена и за Општина со најголема социјална инклузија, како и одликувана  со посебна награда за филантропија. Раководителката Зафировска, подетално ги објасни сите проекти на локалната самоуправа, кои се финансирани од нејзиниот буџет, а кои се однесуваат на севкупната социјална инклузија на ромската популација во Карпош.

 

Државните службеници, од Република Србија, детално беа запознаени и  со останатите проекти кои ги финансира Општина Карпош во сферата на социјалната заштита за своите сограѓани, од социјално ранливите групи, од најмала до најстара возраст.