Започна раззеленувањето во рамки на новиот маалски центар на ул. „Иван Аговски“ меѓу зградите 8 и 10, во Карпош 1. На овој простор се засадуваат вкупно 170 украсни растенија, кои целосно го менуваат ликот на овој дел од населбата.

 

Веќе извесен период, општина Карпош работи на комплетно уредување на овој дел. Имено, се засадуваат и нови тревници на површина од 1.300 м2 со систем за наводнување, а веќе е завршено и детското игралиште.

 

На овој начин, граѓаните добиваат уредена зона за рекреација и маалска дружба.

 

Локалната самоуправа оваа година работи на сериозно подобрување на јавниот простор меѓу зградите. Овие делови  се најблиску до граѓаните и затоа се најпосетени.

 

Веќе е завршен маалскиот центар во Карпош 2, спроти Драмскиот театар. Активно се работи и на Спортско – рекреативниот центар во Карпош 3 (во рамки на ООУ „Лазо Трповски).

 

Главната цел е секоја населба да добие свое урбано јадро, место каде што граѓаните, ќе поминуваат поголем дел од своето време, ќе се организираат настани и маалски дружби.