Во    библиотека „ Другарче“ се одржа изложба на ликовните цртежи создадени од основците  од  ООУ „ Братство“ и  од ООУ  „ Вера Циривири- Трена“ .  Ова е проект кој трае веќе петта година по ред, а е реализиран помеѓу овие две основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Целта на проектот е развој на мултикултурниот дух, меѓуетничката толеранција и соработка помеѓу учениците.

Оваа   година  основците ги посетија Старата скопска чаршија, Мустафа пашината џамија, како и други културно-историски знаменитости од градот. Впечатоците и мотивите стекнати од посетатата на овие културни споменици , учениците ги преточија во прекрасни цртежи.