Во својот кабинет, градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска одржа состанок со директорот на Ј.П „Градски паркинг“, Бојан Христовски и со раководителот на Секторот на „Пајак службата“, Александар Стоилевски. Во рамки на работната средба се разгледуваа неколку практични опции, со цел, решавање на проблемот со паркинг местата и блокираните тротоари каде се движат пешаците.

Во таа насока, оваа меѓуинституционална соработка треба да резултира со изнаоѓање на најсоодветно решение во полза на карпошани и решавање на сообраќајниот метеж, кој особено се создава во реонот каде што општина Карпош граничи со општина Центар.