„Локално активно вклучување на младите во институциите“ (ЛАВМИ) е програма во организација на Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и Агенција за млади и спорт, која има за цел да ја крене свесноста и знаењето за тоа што е политика, а што партија, што е партизираност, а што политизација. ЛАВМИ ќе им овозможи на учесниците одлична можност да се стекнат со вештини за создавање и пишување предлог-проекти, а истовремено ќе стекнат и повеќе знаење за процесот на креирање политики за млади.

Оваа програма ќе се одвива во шест скопски општини: Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Гази Баба и Центар.

Програмата е поделена во три модули кои ќе се спроведат во период од неколку седмици.

Денеска, во 15:00 часот, во Општина Карпош ќе се одржи втората работилница од овој проект за вклучување на младите.