На поставениот штанд во ТЦ Лептокарија, денеска ѓраѓаните од Карпош имаа можност веднаш да аплицираат и да добијат картичка „Мој Карпош“.

Тимот од Секторот за развој при Општината им ги објаснуваше придобивките на граѓаните од употребата на картичката, попустите и бенефициите кои ќе ги добиваат во големиот број на угостителски објекти (кафулиња, ресторани, културни установи, ИТ компании и др).

Оваа картичка може да ја поседува секое лице со наполнети 13 години, а граѓаните можат да се регистрираат во урбаните заедници, по електронски пат на www.mojkarpos.mk или на пунктовите кои ги поставува Секторот за развој.

 

Картичката „Мој Карпош“ беше едно од главните ветувања во изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев. Овој проект овозможи трајна соработка меѓу граѓаните, Општината и бизнис секторот.

 

Денеска беа издадени повеќе од 50 картички, а тимот од Секторот за развој и во текот на утрешниот ден ќе постави штанд на платото во ТЦ Лептокарија.